Мадридски Атлетико синоќа во Лондон против Арсенал имаше играч помалку повеќе од 80 минути.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Судијата Клемент Турпин од Франција го исклучи Вршаљко во 11. минута, но и покрај тоа Атлетико успеа добро да се одбрани и на крајот извлекоа добар резултат.
Голот за изедначување гостите од Мадрид го постигнаа во 82. минута. Очајната реакција на одбраната на домашниот тим ја искористи Гризман и погоди за конечни 1:1.
И тренерот на Атлетико, Диего Симеоне скоро целиот меч го проследи од трибината. Него судијата го исклучи после протест во 13. минута, а навивачите на Арсенал го исмејуваа после тоа.
Сепак, на крајот Аргентинецот последен се смееше, а неговата прослава доволно зборува за тоа колку овој резултат е битен пред реваншот.