Дома Луд Спорт Семејна драма на Нејмар: Обид да ги киднапираат девојката и ќерката

Семејна драма на Нејмар: Обид да ги киднапираат девојката и ќерката

Бразилскиот фудбалер Нејмар е во шок откако денеска во неговата татковина имало обид да се киднапираат неговата ќеркичка и девојката Бруна.

Обидот се случил во утринава во Сао Пауло, а за време на упадот на киднаперите во домот на Бруна Бјанкарди биле нејзините родители. Тие од полицијата биле пронајдени врзани, но не биле повредени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Осомничените киднапери, од кои двајца биле вооружени, ги барале Брунa и нејзината ќерка, но тие не биле дома, а не бил ниту Нејмар.

„Тажен ден, добив две лоши вести. Првата е нападот што го доживеаја родителите на Бруна, но фала богу се беше во ред. Второ, дознав за смртта на една другарка, Господ да ја пречека Луана со раширени раце. Мое сочувство до нејзиното семејство“, напиша Нејмар на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед спреми 100 милиони за ѕвездата на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…