Дома Останати Тенис Семејна драма во домот на Борис Бекер: Втор пат во еден месец интервенирала полицијата

Семејна драма во домот на Борис Бекер: Втор пат во еден месец интервенирала полицијата

Во куќата на поранешниот тенисер, Борис Бекер во вторникот се одвивала вистинска драма.

Се се случило кога таму пристигнала наскоро неговата поранешна сопруга, Лили Бекер која повикала полиција откако роднините на Бекер и забраниле да си ги собере своите работи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова беше втор пат во последниот месец полицијата да доаѓа во домот на Бекер, Лили пристигнала околу 10 часот, додека таму веќе биле петмина блиски роднина на Бекер.

Тие како што пренесуваат англиските медиуми ја заклучиле во кујната и го болкирале нејзиното возило кое било паркирано пред домот.

Полицијата подоцна потврди дека се појавија на лице место, но немало никакви апсења, актерите во вистинската семејна дрема поминале само со совети.

Во попладневните часови пристигнал и самиот Бекер кој после разговорот со полицијата и дозволил на сопругата да си ги собере работите.

Трикратниот освојувач на Вимблдон и холандската манекнка во мај објавија дека се разведуваат после девет години брак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ги дозна можните противници за турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ дозна кој ќе му стои на патот до титулата на Мастерсот во Рим, а српскиот те…