Oткако ја заврши соработката со Кожуф, актуелниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Јончевски пронајде нов клупски ангажман кој е надвор од границите на нашата земја.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Јончевски во наредниот период ќе го води тимот на Башкими од Косово кој во досегашниот шампионат има учинок од четири победи и осум порази, па се наоѓа во долниот дел на табелата.
За Јончевски ова не е прво искуство во Косово бидејќи претходно ја водеше Трепча. Низ кариерата водеше уште неколку македонски клубови и Спартак Суботица од Србија.