Дома Македонски спорт Мак фудбал Седлоски: Задоволен сум од играта и покрај поразот

Седлоски: Задоволен сум од играта и покрај поразот

Шкупи вчера беше поразен и во реваншот против Санта Клара.

Овој пат тимот од Азорските острови славеше со 0:2 и со вкупно 0:5 го елиминираше македонскиот претставник.

Момците на Седлоски и покрај поразот вчера не разочраа, посебно добро играа во второто полувреме, тоа го истакна и Седлоски. Сепак, треба да се знае дека Санта Клара и пред двомечот ја имаше фаворитската улога против чаирчани.

„Прво да честитам на противникот. Тие се подобар тим и затоа одат понатаму. Во првиот натпревар во Скопје со премногу респект влеговме во натпреварот. На реваншот тука имавме неколку измени и знаевме дека ќе биде тешко. Но, јас сум задоволен од настапот на тимот и покрај грешките за двата примени гола. Посебно сум задоволен од тоа како одигравме во второто полувреме“, изјави Седлоски.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…