Maкси Лопез посебно познат стана со скандалот кој го направи неговата сопруга Ванда Нара која го остави него за неговиот тогаш најдобар пријател Муаро Икарди.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Сега 37 годишниот аргентински напаѓач се наоѓа пред нова авантура. Наскоро тој ќе потпише договор со италијанскиот третолигаш Самбенедетесе.
Самбенедетесе оваа сезона играше разигрување за пласман во Серија Б, но тимот кој од клупата го предводи Паоло Монтеро не успеа да се пласира ранг погоре. Во новата сезона клубот повторно ќе има високи амбиции.
Макси Лопез во натпреварувачката сезона 2019/20 го носеше дресот на Кротоне, а во Италија играше уште за Катанија, Милан, Сампдорија, Киево и Удинезе.