Дома Фудбал Англија Се огласи Роналдо: Мојата љубов кон Манчестер Јунајтед никогаш нема да се промени

Се огласи Роналдо: Мојата љубов кон Манчестер Јунајтед никогаш нема да се промени

Манчестер Јунајтед денес потврди дека го раскина договорот со Кристиано Роналдо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


После шокантното интервју кое го даде Роналдо каде отворено го критикуваше клубот, тренерот и соиграчите јасно беше дека тој повеќе нема иднина на „Олд Трафорд“.

Двете страни постигнаа договор за предвремено раскинување на соработката, па Роналдо е од денес слободен агент.

„По разговорите со Манчестер Јунајтед, заеднички се договоривме да го раскинеме договорот предвреме. Го сакам Манчестер Јунајтед ги сакам навивачите, и тоа никогаш нема да се промени. Сепак, ми се чини дека е вистинско време да барам нов предизвик. Му посакувам на тимот успех за остатокот од сезоната и за во иднина“, истакна Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вардар е нов шампион на Македонија! (Видео)

Вардар повторно се искачи на врвот на македонскиот фудбал, откако со минимална победа од 1…