Дома Македонски спорт Се е спремно за боксерскиот спектакл во Прилеп!

Се е спремно за боксерскиот спектакл во Прилеп!

На 22.06.2019 година во 19:30 часот на Градскиот базен „Маркови Кули“ – Прилеп ќе се организира професионална боксерска ревија за скор на професионалните боксери во светската професионална боксерска ранг листа.

Подготовките се веќе во завршна фаза, а билетите се пуштени во продажба во Градскиот базен „Маркови Кули“ – Прилеп по цена од 100 денари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова ќе биде вистински боксерски спектакл со одлична сценографија, девојки за рунди, ди-џеј, професионален водител во ринг.

Мерењето и соочувањето на боксерите ќе се одржи во сабота во 11:00 часот во летната бавча на кафе барот „Оникс“.

Боксери ќе има од Македонија, Србија, Албанија и Бугарија. Ќе има одлични борби и сите боксери ќе се борат за подобрување на рангот на светската ранг листа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…