Дома Фудбал Се враќаат парите од влезниците за мечот Македонија – Косово

Се враќаат парите од влезниците за мечот Македонија – Косово

Денес управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да се вратат паричните средства за влезниците против Косови.

Натпреварот помеѓу Македонија и Косово требаше да се игра во март и стадионот сигурно ќе беше полн, Арената беше распродадена, но пандемијата со коронавирусот направи проблем како и секаде во светот. Неколку пати се презакажа натпреварот, а сега кога веќе нема време ќе се одигра на 8. октомври пред празни трибини.

ФФМ соопшти дека парите на оние што купиле билети ќе им бидат вратени. Повеќе детали ќе бидат објавени од „МКТикетс“ од понеделник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

26 удари, ниту еден гол: Јаблонец ја запре победничката серија на Брајтон

По шест победи во низа, Брајтон одигра 0-0 кај Јаблонец во Конференциската лига, а во фини…