![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2024/07/sou-850x491.webp)
Англија ја победи Словачка со 2:1 во неверојатен натпревар од осминафиналето на Европското првенство и се пласираше во четврт-финалето каде ќе игра против Швајцарија.
Словачка поведе со голот на Иван Шранц во 25. минута и водеше до судиското надополнување. Но, потоа во четвртата минута израмни Џуд Белингем со ножички, а во првата минута од продолжението Хари Кејн погоди за голем пресврт. Еве што селекторот имаше да каже за Би-Би-Си по драматичната победа.
Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓
„Толку сум горд на играчите и духот што го покажаа. Сите кои играа ни помогнаа и тоа ја направи разликата. Белингем? Фантастично. Размислувавме дали треба да го замениме, но знаевме дека е способен за тие моменти. Кејн е извонреден стрелец, тој беше исклучителен како капитен и ни помогна да ја одржиме стабилноста“.