Дома Фудбал Останато Саудијците не запираат: Со договор од над 800 милиони долари стануваат главни спонзори на ФИФА?!

Саудијците не запираат: Со договор од над 800 милиони долари стануваат главни спонзори на ФИФА?!

Нафтената компанија „Армако“ која е во сопственост на Саудиска Арабија наскоро би можела да стане главен спонзор на Светската фудбалска организација (ФИФА).

Медиумите најавуваат договор од кој ФИФА ќе инкасира 84 милиони долари годишно. Некои извори ја наведуваат „Армако“ како „најпрофитабилна светска компанија“, спонзорскиот договор би требало да биде потпишан на десет години.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сето тоа се поклопува и со годината кога Саудиска Арабија сака да биде домаќин на Светското првенство (2034). По повлекувањето на Австралија, Саудиска Арабија остана единствената земја кандидат за организација на турнирот и многу веројатно дека на крајот и ќе го добие.

Американскиот „Тајмс“ пишува дека преговорите помеѓу ФИФА и „Армако“ се во завршна фаза. Саудијците така од врвот на најголеми договори со ФИФА би ги симнале „ВИСА“ и „Кока Кола“ кои со години имаа монопол на рекламирањето на своите производи на најголемите фудбалски случувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…