Дома Фудбал Италија Сари за Роналдо: Не е истиот играч кој навикнавме да го гледаме

Сари за Роналдо: Не е истиот играч кој навикнавме да го гледаме

Maурицио Сари вчера пропушти против поранешниот клуб да го освои првиот трофеј со Јувентус.

Во финалето на италијанскиот куп Наполи го победи Јувентус после изведувањето на пенали откако во регуларниот дел беше 0:0. За Јувентус ова беше втор натпревар во низа по паузата во кој „старата дама“ не успеа да постигне гол.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сари ги критикуваше играчите по натпреварот.

„После натпреварот не зборував многу со играчите. Бев бесен и разочаран како и тие, во такви моменти најдобро е да молчите. Ни недостигаше експлозивност за да бидеме опасни, не пронајдовме решение“, изјави Сари па заборуваше конкретно за Роналдо.

„Му недостига физичка спремност, не е играчот кој сме навикнати да го гледаме и кој секогаш се прави најдобро. Ист проблем имаат Дибала и Коста“, објасни стратегот на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…