Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, кој оваа сезона игра во Интер, Алексис Санчез може од следната сезона да игра во друг клуб од Серија А, пренесува „Газета дело Спорт“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Чилеанецот е на позајмица во Интер до крајот на сезоната и повторно ќе се врати на „Олд Трафорд“, но јасно е дека таму нема повеќе место за него.
Манчестер Јунајтед сака да се ослободи од Санчез, а таквата ситуација ќе се обиде да ја искористи Рома, која исто така го сака напаѓачот на позајмица.
Санчез има договор со Јунајтед, па доколку прифати помала плата, Рома е спремна да го откупи следното лето.
Оваа сезона Санчез има одиграно 15 меча за Интер на кои постигна 1 гол и запиша 3 асистенции.