Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Сампаоли задоволен од групата: Ние имаме тим за историја

Сампаоли задоволен од групата: Ние имаме тим за историја

Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли ја коментираше ждрепката за СП, каде неговата Аргентина е во групата Д со Хрватска, Исланд и Нигерија. Некогашниот селектор на Чиле, верува дека групата е интересна, и ги пофали противниците.

„Хрватска има одлични играчи, кои играат во најдобрите европски екипи. Голем тим е. Исланд има многу ентузијазам и секогаш се борат против кој и да е. Секако, тука е и Нигерија, која има млад состав и е непредвидлива. Нејзините играчи се брзи, физички подготвени и ќе бидат интересен конкурент“, истакна Сампаоли.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тој одвај успеа со Аргентина да се пласира на Мундијалот, но верува во својот тим и не бега од големите очекувања.

„Нашата екипа е конкурентна и има најдобар состав на светот. Имаме време да ги поправиме работите и да го покажеме најдоброто во Русија. Аргентина е светска селекција и од неа се очекува многу. Во екипата имам фантастични играчи кои можат да испишат историја“, заклучи Сампаоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Звезда на Милан не обрнува внимание на интересот на Сити и Реал

Милан и играчот од средниот ред на тимот Тијани Рајндерс немаат никаква намера да се разде…