Дома Фудбал „Само љубоморни луѓе не го сакаат Роналдо“

„Само љубоморни луѓе не го сакаат Роналдо“

Кристиано Роналдо веќе една деценија е во врвот на светскиот фудбал.

Роналдо заедно со Меси се фудбалерите кои одбележаа една ера во фудбалот, а иако има 35 години Португалецот и понатаму напорно работи за да остане на врвот.

Дека од самиот почеток сакал да биде најдобр тврди неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата на Португалија, Костињо. Тој ја опиша неговата прва средба со Роналдо.

„Од самиот почеток може да се види дека сака да биде најдобар. Тренираше да стане најдобар и беше неверојатно да се гледа. Секогаш беше играч кој ги почитуваше постарите за да стане уште подобар. Брзо стана лидер“.

„Работи напорно. Не е човек кој чека се да дојде само по себе. Констатно се обидува да биде подобар. Невозможно е некој да не го сака, не го сакаат само оние кои се љубоморни на него“, изјави Костињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исејни избра 21 фудбалер: Македонија во Трабзон ќе брка место во Лига А

Македонската селекција до 17 години ги почнува квалификациите на 11 ноември против Унгариј…