Дома Трансфер зона Само детали го делат Вајналдум од Рома

Само детали го делат Вајналдум од Рома

Жеоржино Вајналдум ќе го напушти ПСЖ ова лето, а последните информации се дека Холанѓанецот е многу блиску до трансфер во Рома.

ПСЖ сака по секоја цена да се ослободи од Вајналдум и е спремен да го пушти на позајмица, притоа да плаќа дел од неговата плата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во такви услови Рома е заинтересирана да го донесе на едногодишна позајмица и стапила во контакт со неговиот агент.

Жозе Мурињо лично му се јавил на Вајналдум и го убедил да се пресели во Рим, па медиумите тврдат дека трансферот е пред реализација.

Рома може да му плаќа половина од платата, односно 4,5 милиони евра, а другата половина ќе ја плаќа ПСЖ за време на едногодишната позајмица.

Рома и ПСЖ ги договараат последните детали околку висината на можниот откуп на Вајналдум следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…