Дома Топ вести Салах спремен на лето да го напушти Ливерпул

Салах спремен на лето да го напушти Ливерпул

Салах во летниот преоден рок беше блиску до трансфер во Саудиска Арабија, а медиумите тврдат дека на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти Ливерпул.

Клубот од „Енфилд“ веќе почнува да размислува за негов наследник, бидејќи на крајот на сезоната Ливерпул ќе биде спремен да го продаде Египќанецот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Клубовите од Саудиска Арабија не се откажуваат и на лето Салах ќе биде нивна главна трансфер цел за кого нема да жалат пари.

Саудијците му нудат на 31-годишниот Египќанец да биде еден од најплатените фудбалери во светот, па и самиот Салах е спремен да ја прифати понудата.

Со заминувањето на Клоп клубот ќе сака да направи и промени во тимот, па верува дека е идеален момент за продажба на Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…