Дома Фудбал Англија „Салах не сакаше, Ливерпул го натера да се врати во Англија“

„Салах не сакаше, Ливерпул го натера да се врати во Англија“

Mохамед Салах го напушти кампот на Египет и со рехабилитација ќе продолжи во Ливерпул.

Салах се повреди во натпреварот против Гана, а сега повторно би заиграл за Египет на Африканскиот Куп на Нации веројатно само ако оваа селекција стигне до полуфиналето.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Од египетскиот национален тим им се налутија на луѓето од Ливерпул, тие тврдат дека Салах сакал да остане со соиграчите и дека бил тажен што морал да замине.

„Салах не сакаше да се врати во Англија и да го напушти египетскиот тим. Доживеа стрес кога Ливерпул му кажа дека мора да се врати. Ова е удар за нас и големо непочитување”.

„И ние сме лекари и знаеме како да лекуваме, нема тие да не учат како да си ја работиме работата. Јирген побара Мохамед да се врати, но тој не сакаше да остане затоа не сакаше да ги напушти соиграчите“, изјави лекарот на националниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Артета брутално искрен по шокантниот пораз: Оваа шлаканица ги заболи фудбалерите!

Фудбалерите на Арсенал денеска претрпеа неочекуван пораз на својот терен од Борнмут, а мен…