Денес Ракометната федерација на Македонија ја исплати ветената премија за кадетките за првото место на турнирот во Литванија и обезбедувањето пласман во следните натпреварувања.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати паричната награда во вкупна вредност од 700.000 денари за женската кадетска ракометна репрезентација и членовите на стручниот штаб за освојување на прво место на EHF Championship W17 Lithuania 2021, како и за обезбедување пласман на W17 EHF EURO 2023, W19 EHF EURO 2023 и обезбедено учество на WU18 WCH 2022 во Грузија“.




Исто така се донесе и одлука за награда од 1000 евра за најдобрата македонска судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов за судењето на ОИ во Токио каде што делеа правда во финалето.




“Дополнително, согласно донесена одлука на Управниот Одбор, Ракометна Федерација на Македонија ја исплати и паричната награда на EHF и IHF судискиот пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов во износ од 1000 Евра поединечно за учество на финалната арбитража на Олимпискиот Турнир во Токио“, соопштија од РФМ.



