Дома Фудбал Рускиот фудбал е суспендиран, но добива милиони од УЕФА и ФИФА

Рускиот фудбал е суспендиран, но добива милиони од УЕФА и ФИФА

Европската и светската фудбалска федерација уплатиле пари на сметката на Руската фудбалска федерација, на име на членството во овие органнизации.

Русија и нејзините клубови, како и репрезентацијата се исклучени од сите натпреварувања под покровителство на светската и европската федерација од 2022 година, но протокот на пари од тие адреси продолжи кон ФС на Русија.

Тамошните медиуми пишуваат дека во 2023 година Руската Федерација добила 405.813.000 рубљи од ФИФА и УЕФА. Тоа се приближно четири милиони евра.

Руските клубови веќе две години играат само домашни првенства, а репрезентацијата игра само пријателски натпревари, најчесто со третокласни селекции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Илиќ: Оди на операција, Србија останува без него

Повредата против Болоња бара хируршки зафат. Иван Илиќ ќе биде опериран во Финска, а Пауно…