Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Вејн Руни упати жестоки критики до ѕвездите на „црвените ѓаволи“ и истакна дека не даваат се од себе.




Манчестер Јунајтед игра многу лошо во последно време, а дното го допре со поразот од 0-5 против Ливерпул.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Не е лесно да се гледаат такви натпревари. Забележав дека премногу фудбалери не сакаа да трчаат во одбрана. Имаше многу кои не дадоа се од себе за дресот на тимот, а тоа е недозволиво. Ова се одлични фудбалери, но мора да дадат сѐ за екипата“, вели Руни.




„Фудбалерите на Јунајтед мора да си постават некои прашања, да се погледнат себеси. Премногу е лесно за менаџерот да ги прифати сите критики кога оние играчи кои добиваат многу пари за да ја завршат својата работа, не се снаоѓаат доволно добро. Имаат високи барања, а гледам премногу играчи кои не сакаат да трчаат“, додаде Руни.