Легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни отпатува за Америка и во текот на денешниот ден ќе потпише договор со ДС Јунајтед.
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед минатото лето се врати во матичниот Евертон, но после само една сезона ќе ги напушти „карамелите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Као што пренесува „Скај Спорт“, Руни отпатувал во главниот град на САД, Вашингтон, каде ќе потпише договор со својот нов клуб, ДЦ Јунајтед. Истиот извор потврдува дека Руни за ДЦ Јунајтед ќе потпише 3 и пол годишен договор.
Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија нема да може да се приклучи на новиот тим се до 10-ти јули кога официјално почува рокот за трансфери од МЛС.
Wayne Rooney is on his way to America to sign for DC United. ✈️?? (Source: @WayneRooney) pic.twitter.com/mhNAiVelFt
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 28, 2018