Дома Фудбал Англија Ротација во ростерот на „Граѓаните“: Дали Гвардиола ги откри стоперските тандеми?!

Ротација во ростерот на „Граѓаните“: Дали Гвардиола ги откри стоперските тандеми?!

Фудбалерите на Манчестер Сити гостуваат вечерва кај екипата на Виган во осминафиналето во ФА Купот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Менаџерот, Пеп Гвардиола одлучи на терен да постави измешан состав, за да ги одмори играчите за неделното финале со Арсенал во Лига Купот.

Како и досега, во дуелите од ФА и Лига Купот, на голот е Клаудио Браво, а тука е и  Данило, Делф, додека стопери се Стоунс и Лапорт.

Тоа би можел да бисе одговорот на прашањето кој ќе биде првиот стоперски тандем, бидејќи во ЛШ играа Отаменди и Компани, но да го почекаме финалето в недела па ќе сумираме кој ќе биде првиот избор на Пеп.

Покрај Отаменди, заслужен одмор добија Вокер, Стерлинг и конечно Де Бруин.

Доколку Сити го мине Виган, во четвртфиналето ќе ја пречека екипата на Саутемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…