Дома Топ вести Роналдо не може да си најде клуб, и ПСЖ одби да го ангажира

Роналдо не може да си најде клуб, и ПСЖ одби да го ангажира

Пари Сен Жермен ја отфрлил можноста да ја ангажира ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристиано Роналдо ова лето.

Португалецот пред десетина дена им соопшти на челниците на Манчестер Јунајтед дека сака да го смени клубот, но се најде во непријатна позиција бидејќи нема многу клубови кои сакаат да го ангажираат.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Роналдо се понудил на ПСЖ, но во Париз не веруваат дека доаѓањето на Роналдо би имало позитивен ефект, пренесува „ЕСПН“.

Кај Французите постои оправдан страв пред се како би се вклопил во тимот и секако дека неговите високи примања би го нарушиле балансот во соблекувалната.

Поради истити причини и Баерн Минхен одби да го ангажира Португалецот, па опциите за Роналдо се се помалку.

Роналдо се уште е во Португалија откако го пропушти почетокот на подготовките на Манчестер Јунајтед поради наводни семејни проблеми, а неговиот менаџер му бара нов клуб каде ќе може да игра во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…