Дома Фудбал Останато Роналдо не може глава да крене: Неговиот „дедо“ бил голем наркодилер?!

Роналдо не може глава да крене: Неговиот „дедо“ бил голем наркодилер?!

Во моментите кога светот пишува за наводното силување на Кристиано Роналдо на Кетрин Мајорга во 2009 година, се појави уште еден скандал во семејството на Португалецот овој пат тој е поврзан со неговата вереница.

Германски „Шпигел“ објави дека Португалецот ја силувал Мајорга во луксузен хотел во Лас Вегас, во медиумите со изјава излезе и девојката која објаснуваше како славниот фудбалер го извршил грозоморниот чин.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Неговата вереница Георгина неодамна му даде поддршка во целата ситуација, но сега е „нападнат“ и нејзиниот татко. Таблоидот „Сан“ објави дека таткото на Георгина е голем наркодилер.

Респектабилниот медиум во Англија пишува дека Хорхе Родригез кој сега има 69 години во минатото минал 10 години во затвор поради работа со дрога. Се наведува и дека првиот пат во затвор стигнал така што полицијата го фатила на дело со кокаин во вредност од 100.000 фунти, истиот требало да биде пренесен од Шпанија во Франција. За ова дело тој во затвор поминал пет години.

Набрзо откако излегол на слобода во 2008 година повторно бил уловен со нова пратка, но овој пат во вредност од – еден милион фунти! Таа требало да влезе во Шпанија, а доаѓала од Мароко и за ова дело добил затворска казна од пет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…