Дома Фудбал Роналдо: Имаме се што ни треба, знаеме дека можеме да го освоиме ЕП 2024

Роналдо: Имаме се што ни треба, знаеме дека можеме да го освоиме ЕП 2024

Португалија, во генералната проба пред почетокот на Европското првенство, ја победи Република Ирска со 3:0. Натпреварот во Авеиро го обележа ветеранот Кристијано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако првиот гол го постигна Жоао Феликс, Роналдо со два гола во второто полувреме ја запечати судбината на Ирците.

Роналдо го подобри својот рекорд, во дресот на националниот тим дојде до бројката од 130 голови.

„Имаме се што ни треба, но ќе одиме кон целта чекор по чекор, натпревар по натпревар, без да престанеме да веруваме во успех. Триумфот на Европското првенство во 2016 година беше историски и за португалскиот и за светскиот фудбал.

Сега стоиме цврсто на земја, но размислуваме и изгледаме високо, бидејќи знаеме дека можеме да го освоиме ЕВРО 2024“, вели Кристијано Роналдо.

Португалската репрезентација ќе игра во Германија во групата Ф. Прв противник им е Чешка на 18 јуни во Лајпциг. Потоа имаат дуели со Турција на 22 јуни во Дортмунд и против Грузија на 26 јуни во Гелзенкирхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најлошиот натпревар на Светското првенство и завршница за инфаркт! (Видео)

Фудбалерите на Гана ја совладаа Панама со минимален резултат (1:0) во првото коло на група…