Дома Трансфер зона Роналдо го стопирал трансферот на Ибра во Реал?

Роналдо го стопирал трансферот на Ибра во Реал?

Ова лето долго време се шпекулираше со иднината на Златан Ибрахимовиќ, кој беше поврзуван со многу клубови, но на крајот остана во Манчестер Јунајтед.

Според шпанскиот „Диарио гол“, главниот виновник зошто Ибрахимовиќ не пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ е Кристиано Роналдо, кој ставил „вето“ на овој трансфер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според шпанските медиуми, ова не е прв пат португалската суперѕвезда да блокира трансфер на играчи, и тоа неодамна се случило и со Единсон Кавани, Килијан Мбапе, Роберт Левандовски и Артуро Видал, што навистина претставува импресивна листа на играчи.

Јасно е дека Роналдо е прва ѕвезда во „кралскиот“ клуб, но тешко е да се поверува во сторијата на медиумите дека Португалецот има толкава моќ на одлучување во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона доби силна конкуренција за потписот на Рабио

Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус,  Адриен Рабио, прен…