Челниците на Рома и Интер никако не можат да најдат заеднички јазик околу обесштетувањето на босанскиот репрезентативец Един Џеко.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако Џеко веќе има комплетен договор со „нероаѕурите“, сепак проблем е сумата која ја бара Рома за неговата слобода.
Рома првично бараше 25 милиони евра, но после преговорите одлучиле цената да ја спуштат на 20 милиони, што и понатаму е многу за Интер кој нуди 13 милиони евра.
Од Интер се обидуваат трансферот да го реализираат до 8-ми јули кога ги започнуваат подготовките, а Рома исто така е под притисок бидејќи напаѓачот влегува во последната година од договорот.
https://youtu.be/w-eTsSQV02k