Костас Манолас е на чекор да на напушти Рома и да се пресели во редовите на Наполи.
Според информациите, Рома прифатила понуда од 20 милиони евра, плус услугите на Амаду Диавара, па официјализацијата на трансферот е само прашање на време.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Волчицата“ веќе ја започна потрагата по негов наследник, а прва желба е Марк Бартра, кој моментално настапува во Бетис.
Поранешниот стопер на Барселона имале одлична сезона во Примера, па Рома смета дека би бил идеална замена за Манолас.
„Скај Италија“ пренесува дека веќе се направени првите контакти помеѓу Рома и агентите на шпанскиот дефанзивец.
„Рома е заинтересирана за Бартра, но не можам да кажам ништо повеќе“,потврди и неговиот агент Висенте Форес Корнејо.
Инаку, Бартра со Бетис има договор до летото 2023. година, а трансферот би требало да изнесува помеѓу 15 и 20 милиони евра.