Рома денес и официјално го претстави новото засилување, Артем Довбик од Џирона.
„Волчицата“ ќе плати за Украинецот 30,5 милиони евра, а со сите бонуси сумата може да достигне максимум 38,5 милиони евра.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Довбик беше пред трансфер во Атлетико Мадрид, но Рома успее да ја добие битката и да го доведе големото засилување на „Олимпико“.
Довбик минатата сезона со 24 гола беше најдобар стрелец во Ла Лига, а сега ќе биде прв Украинец во историјата на Рома.