Италијанскиот репрезентативец Николо Барела е еден од најбараните фудбалери на Апенините, а како фаворит за неговиот потпис важеше Интер.
Медиумиоте тврдеа дека Барела ќе биде сигурно засилување за „нероаѕурите“, откако играчот постигна договор со миланскиот гигант за петгодишна соработка.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Меѓутоа, Интер има потешкотии да најде заеднички јазик со Каљари околу обештетувањето, а таквата ситуација ја искористи Рома.
Римската „волчица“ понуди 35 милиони евра и во целиот договор го вклучи и Грегори Дефрел, кој е голема желба на Каљари и е проценет на 15 милиони евра.
Иако Барела преферира преселба во Милано, доколку Интер не понуди 50 милиони евра, во тој случај играчот за врска ќе заврши на „Олимпико“.