Дома Топ вести Рома го договори големиот талент на Барселона

Рома го договори големиот талент на Барселона

Крилниот напаѓач на Барселона, Карлес Перез е на чекор од трансфер во Рома, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата клуба се во напредни преговори и ги договараат последните детали од трансферот. Перез ќе се пресели на „Олимпико“ на позајмица, но Рома ќе има опција да го откупи на лето за 20 милиони евра.

Од „Камп Ноу“ ја прифатиле понудата и му разрешиле на играчот да отпатува во Рим на лекарски прегледи. Младиот шпански репрезентативец најдоцна утре треба да пристигне во Италија.

Карлес Перез е дете на Барселона, а оваа сезона запиша 13 меча на кои постигна 3 гола и запиша 3 асистенции, а на „Олимпико“ треба да биде замена за повредениот Заниоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…