Дома Трансфер зона Рома бара „утеха“ од „кражбата“ на Малком: Нова мета – Шпанецот од Милан!

Рома бара „утеха“ од „кражбата“ на Малком: Нова мета – Шпанецот од Милан!

Екипата на Рома предводена од спортскиот директор, Мончи беше исклучително активна на трансфер пазарот ова лето, а после „кражбата“ од Барселона на Малком е во потрага по нови решенија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се споменуваа неколку имиња, а „Калчомеркато“ пишува дека последното име кое е на радарот на „волчицата“ е фудбалерот на Милан, Сусо.

Дел од италијанските медиуми пренесуваат дури и дека Мончи отпатувал на преговори во Милано.

Милан од поодамна одреди цена од 40 милиони евра за услугите на Шпанецот, а таа сума не би требало да биде проблем за „волчицата“ која бара „утеха“ по пропаднатиот трансфер на Малком.

Сусо член на Милан е од 2015 година. Во меѓувреме настапуваше и за Џенова како позајмен фудбалер, а во професионалната кариера настапуваше уште за Ливерпул и Алмерија.

Минатата сезона настапи на вкупно 50 натпревари за „росонерите“ и постигна осум погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…