Бразилскиот фудбалер Робињо се подготвува за нов трансфер во неговата богата кариера и според најавите ќе го напушти Башакешир во јануари.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Наредната станица на Робињо може да биде Иран. Човекот кој своевремено беше помеѓу најдобрите фудбалери во светот се очекува да потпише договор со Естегал, петтопласираниот тим од иранското првенство.
Робињо со клубот од Техеран е во завршни преговори и ги договара личните услови од договорот.
Во Башакешир Бразилецот пристигна на почетокот на 2019 година и запиша 12 настапи во сите натпреварувања во кои не постигна гол, па неговото заминување е логично решение.