Дома Трансфер зона Робињо пред враќање во поранешниот клуб: Спремен да игра за плата од две евра

Робињо пред враќање во поранешниот клуб: Спремен да игра за плата од две евра

Бразилскиот фудбалер Робињо во овој момент е слободен играч откако минатото лето го напушти Башакешир.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Робињо претходните неколку години ги помина играјќи во Турција каде што покрај за Башекешир играше и за Сиваспор. Но, после скоро три години одлучи да се врати во Бразил.

Овој 36 годишен фудбалер сега сака да потпише договор со Сантос, клубот во кој ја започна кариерата. Робињо токму од Сантос во 2005 година за 43 милиони евра се пресели во Реал Мадрид. Бразилецот направи добра кариера, но од него се очекуваше и повеќе.

Наводно Робињо е спремен да игра скоро и без плата, односно дал предлог месечната плата да му биде – две евра! Според информациите преговорите се при крај и наскоро се би требало да биде официјализирано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…