Дома Трансфер зона Робин Ван Перси повторно во Премиер лигата?!

Робин Ван Перси повторно во Премиер лигата?!

Холанѓанецот е на чекор од враќање во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Робин Ван Перси повторно би можел да заигра во Премиер лигата бидејќи за него интерес покажа екипата на Кристал Палас.

Англиските медиуми пренесуваат дека новиот менаџер на Кристал Палас, Франк Де Бур, сериозно е заинтересиран во своите редови да го доведе искусниот напаѓач.

Ван Перси веќе две години настапува за Фенербахче, и во Турција на 82 натпревари постигна 36 погодоци. Меѓутоа, тој би можел да се врати таму каде што играше надјобро и онаму каде што сите сакавме да го гледаме, во Премиер лигата.

Тој за Арсенал и Манчестер Јунајтед постигна 144 погодоци на 280 натпревари и јасно е дека би бил огромно засилување на Палас.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…