Aрсенал продолжи со одличните настапи да чекори кон титулатаво Премиер лигата, a во вчерашниот натпревар против Евертон поставија и еден необичен рекорд.
„Машинеријата“ на Микел Артета беше подобра од Евертон со убедливи 4:0 со што ја вратија предноста во однос на Манчестер Сити од пет бода. Се држеа „карамелите“ се до 40-тата минута кога Зинчеко го пронајде Сака кој погодува за 1:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Само неколку минути подоцна во продолжението од првото полувреме, Сака во улога на асистент го проигра Мартинели кој зголемува на 2:0. Сите дилеми околу победникот ги реши Мартин Одегард кој на 20-тина минтуи пред крајот на натпреварот донесе водство од 3:0 за „топџиите“.
Конечните 4:0 ги постави Габриел Мартинели со својот втор гол во денешниот натпревар, воедно стана и најдобар стрелец на Арсенал сезонава во Премиер лигата.
Арсенал испиша историја со оваа победа затоа што стана првиот тим во Премиер лигата кој против некој друг тим стигнал до 100 победи.