Дома Останати Авто Мото Ред Бул отсечен: Не сме се ангажирале за доведување на Фернандо Алонсо

Ред Бул отсечен: Не сме се ангажирале за доведување на Фернандо Алонсо

Екипата на Ред Бул негираше дека на двапати се обидела да го ангажира шпанскиот возач, Фернандо Алонсо за следната сезона во Формула 1, пред да соопшти дека ќе ја заврши сезоната.

Алонсо, кој неодамна најави крај на кариерата по завршувањето на оваа сезона, истакна дека Ред Бул му понудил договор за следната година, за да го замени Даниел Рикиардо, кој потпиша договор со Рено.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Формула 1 не ми нуди предизвици какви што сакам. Не сакам да влезам во оваа авантура“, истакна Алонсо.

Меѓутоа, екипата на Ред Бул наведе дека не му понудила договор на 37-годишниот возач.

Директорот на Ред Бул, Хелмут Марко истакна дека Алонсо не се вклопува во екипата.

„Преговаравме со него во 2007. и 2008. година. Не ни се допаѓаа неговите барања. Ако ја погледнете неговата историја, во Мекларен и Ферари, тоа секогаш беше претстава на еден човек“, наведе Марко пренесува Би-Би-Си.

Алонсо сака да ја освои неофицијалната „трипл круна“ во мотоспортот, победи во трката на Ф1 во Монако, во трката 24 часа Ле Ман, и останува уште победа во Инди 500. Тој не потврди дали ќе се натпреврува во Инфикар следната година, а истакна дека не очекува да се врати во Ф1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Нов потрес во Формула 1: Ред Бул остана без човекот кој го креираше шампионскиот тим!

За многумина најдобриот дизајнер во светот во Формула 1, Адријан Њуи замина од Ред Бул. Ов…