Дома Трансфер зона Реал спреми понуда за ѕвездата на Леверкузен

Реал спреми понуда за ѕвездата на Леверкузен

Реал Мадрид е заинтересиран за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат шпаските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Анчелоти сака да ја засили десната бековска позиција и во јануари е спремен да испрати понуда за 22-годишниот Фримпонг.

Фримпонг пристигна во Леверкузен од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година, а се етаблираше во еден од најдобрите бекови во Бундеслигата.

Фримпонг игра фантастична сезона и веќе има постигнато 3 гола и 6 асистенции, па Леверкузен сигурно нема да сака да го пушти на средина од сезоната.

За него интерес покажуваат и клубовите од Премиер лигата, но Реал е спремен да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…