Дома Фудбал Реал спреми нов договор за Бензема

Реал спреми нов договор за Бензема

Голгетерот на Реал Мадрид, Карим Бензема е на добар пат да потпише нов договор со „кралевите“, пренесува „Марка“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Актуелниот договор на Бензема истекува следната сезона, но се очекува до крајот на сезоната да стави потпис на нов договор до 2023 година.

Така во клубот ќе ја запазат политиката на играчите над 30 години да им ги продолжуваат договорите само за една сезона.

Преговорите со Бензема течат во добра насока и се очекува Французинот многу брзо да стави потпис на новиот договор.

Бензема одигра уште една фантастична сезона и после 5 години се врати во француската репрезентација и ќе настапи на Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно Фернандеш одговори остро на критиките на Рој Кин по подобрувањето на рекордот

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, одговори прилично остро на легендата на …