Дома Топ вести Реал спреми 90 милиони за новата ѕвезда на Борусија Дортмунд

Реал спреми 90 милиони за новата ѕвезда на Борусија Дортмунд

Реал Мадрид одлучи ова лето да го подмлади тимот со оглед на фактот дека носителите на играта се на залез на кариера.

После комлетирањето на трансферот на Чуамени, сега на мета е младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џуди Белингам.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


18-годишниот фудбалер остави одличен впечаток во својата прва сезона во Борусија Дортмунд и го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид.

Белингам има договор со „милионерите“ до 2025 година, но планот на Реал Мадрид е Англичанецот да пристигне следното лето и да биде долгорочна замена за Лука Модриќ.

Реал сака да ја победи конкуренцијата од англиските клубови и веќе работи на трансферот, а е спремен да плати 90 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…