Дома Трансфер зона Реал сака да си го врати Брахим Дијаз

Реал сака да си го врати Брахим Дијаз

Реал Мадрид најверојатно на крајот на сезоната ќе си го врати Брахим Дијаз, кој е на позајмица во Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанецот е во сопственост на Реал Мадрид, но веќе трета сезона е на позајмица во Милан.

Италијанскиот клуб може да го купи Дијаз за 22 милиони евра на крајот на сезоната, но Реал има опција да го врати за 5 милиони евра повеќе.

Асенсио нема да го продолжи договорот и ќе замине како слободен агент, а медиумите пренесуваат дека Анчелоти токму во Дијаз гледа негова замена.

Двата клуба се во одлични односи и наскоро ќе имаат средба на која ќе биде одлучена иднината на Дијаз, а доколку Реал одлучи да го врати ќе треба да му плати на Милан 5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…