Дома Фудбал Останато Реал не го одбрани трофејот освоен во Скопје, Атлетико е нов освојувач на Суперкупот (видео)

Реал не го одбрани трофејот освоен во Скопје, Атлетико е нов освојувач на Суперкупот (видео)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го освоија Суперкупот со победа над градскиот ривал.

Неславно деби на клупата имаше Хуан Лопатеги бидејќи „јорганџиите“ после 120 минути игра славеа со 4:2 во УЕФА Суперкупот.
Атлетико Мадрид прв стигна до водство и тоа после само 49 секунди игра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во продолжение Реал Мадрид се закани преку Асенсио, но Облак беше внимателен. Потоа 10 минути подоцна Бејл од денсата страна нафрли, топката стигна до Бензема кој изедначи на 1:1.

Мирно беше во продолжение од натпреварот, а долго се чекаше и за шанса во прдолжението.

Потоа во 61 минута невнимателниот Хуанфран играше со рака во својот шеснаесетник, а сигурен реализатор на најстрогата казна беше Серхио Рамос.

Атлетико не се предаде, а до изедначување стигна на десетина минути пред крајот, а стрелец беше повторно Диего Коста.
Во двете продолженија по 15 минути Атлетико беше тој кој имаше повеќе сила, па прво Саул во 98, а потоа и Коке во 104 минута обезбедија победа од 4:2

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Генијалноста на Анчелоти која го одведе Реал до полуфиналето во ЛШ без два стартни стопери и двата први голмани

Карло Анчелоти, го предводеше својот клуб до полуфиналето на Лигата на шампионите и дуел п…