Пред неколку недели во интервју за „Марка“, суперагентот Мино Раиола откри дека конечно очекува ова лето да донесе голема ѕвезда во Реал Мадрид.
Во моментов единствен фудбалер на „кралевите“ кој е претставуван од Мино Раиола е голманот Алфонсо Ареола, кој пристигна на позајмица од Пари Сент Жермен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид сака не еден, туку тројца фудбалери кои се под палката на Раиола. Со нив суперагентот може да направи „револуција“ на „Сантиаго Бернабеу“.
Првото име е секако Пол Погба за кого „кралевите“ покажуваат интерес уште од минатото лето. „Марка“ верува дека ова лето трансферот конечно може да се реализира бидејќи цената на Французинот драстично падна.
Меѓутоа, прва и најголема желба на Реал е новата сензација на европскиот фудбал и ѕвезда на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. 19-годишниот напаѓач пристигна во Дортмунд во јануари и ја докажа својата класа, а Реал верува дека би можел идеално засилување во нападот. Со помош на Раиола „кралевите“ веруваат дека би можеле да ја активираат откупната клаузула која не е многу висока.
Третиот играч е Матијас де Лихт чиј трансфер ќе биде најтежок за реализација. Холанѓанецот минатото лето пристигна во Јувентус за 75 милиони евра и „бјанконерите“ тешко дека ќе се откажат од него.