Шпанскиот репрезентативец Дани Карвахал на натпреварот против ЦСКА во вторникот ја напушти играта во 42. минута поради повреда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За тоа денеска се огласи со соопштение неговиот клуб Реал Мадрид, каде е наведено дека овој 26. годишен фудбалер мора да паузира и поради тоа ќе го пропушти следниот натпревар и натпреварите кои наскоро ги очекува неговата репрезентација.
Не е познато колку точно Карвахал ќе отсуствува од теренот, но се најавени детални анализи кои ќе утврдат колку е сериозна повредата.
Повредата на Карвахал е лоша вест за Кралевите, кои веќе имаат слични проблеми со Марсело и Иско, важни играчи кои не играат поради повреди.