Дома Фудбал Реал Мадрид: Немаме позитивни играчи на Ковид-19

Реал Мадрид: Немаме позитивни играчи на Ковид-19

Откако шпанските медиуми објавија дека Мартин Одегард, играчот за врска на Реал Мадрид бил позитивен на тестот за коронавирус после првенствениот натпревар против Реал Сосиедад (0:0) се огласи шпанскиот шампион.

Реал во официјалното соопштение демантираше и потврди дека во нивниот тим нема позитивен играч на Ковид-19.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Откако се тестирани сите играчи и тренери, резултатите на сите на Ковид-19 се негативни“, објавија од Реал.

Многу веројатно кај Одегард станувало збор за „лажно позитивен“ тест и тој сега ќе биде во конкуренција за следниот натпревар на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…