Реал Мадрид е во потрага по нов напаѓач и повторно ќе пазарува од Бундес лигата, пренесува „Марка“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако долго време Ерлинг Халанд се поврзуваше со трансфер во Реал, сепак се чини дека „кралевите“ се откажаа од Норвежанецот и ќе се насочат кон Андре Силва.
Португалецот игра фантастична сезона со Ајнтрахт Франкфурт каде на 31 меч постигна 26 гола и запиша 9 асистенции.
За Андре Силва интерес покажуваат и други европски гиганти, но Реал е спремен да ја победи конкуренцијата.
Имено, „кралевите“ ќе го понудат Лука Јовиќ плус 20 милиони евра за Португалецот.