Дома Трансфер зона Реал има проблем со реализација – решението е Халанд

Реал има проблем со реализација – решението е Халанд

Реал Мадрид минатото лето за 60 милиони евра го донесе Лука Јовиќ, но српскиот напаѓач разорача, а јасно е дека на „кралевите“ им е потребен напаѓач кој ќе биде наследник на Бензема.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал има голем проблем во нападот оваа сезона, Бензема постигна само два гола на последните 11 натпревари, а Јовиќ се покажа како големо промашување и не може адекватно да го замени Французинот.

Поради тоа приоритет на Флорентино Перез на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најголема желба е Ерлинг Халанд.

Халанд оваа сезона ја воодушеви фудбалска Европа и постигна 28 гола на 40 настапи, па во Реал се убедени дека тој е идеалното засилување за нападот.

Реал после заминувањето на Роналдо има проблеми со реализацијата, а Халанд би можел да биде наследник на Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…