Дома Трансфер зона Реал го сака голманот на Динамо Загреб

Реал го сака голманот на Динамо Загреб

Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ блескаше на Светското првенство во Катар и за очекување е ова лето да направи трансфер.

Последните информации говорат дека интерес за него покажува Реал Мадрид, кој бара резервен голман за Куртоа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на хрватската репрезентација има клаузула во договорот според која може да си замине доколку дојде соодветна понуда, а таа е во висина од 10 милиони евра.

Оваа сума воопшто нема да биде проблем за Реал, клучна фигура во целата приказна е Лука Модриќ. Тој е во блиски односи со Ливаковиќ и го препорачал на челниците на Реал.

Интерес за Хрватот постои и од клубови од Премиер лигата, но Реал е спремен да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…