Рафа Бенитез ќе биде нов тренер на Евертон, пренесуваат медиумите во Англија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шпанскиот стратег вчера имаше состанок со управата на „карамелите“ и наводно на истиот се договориле за соработка и се очекува наскоро да биде официјализиран како нивни нов менаџер.
Бенитез ќе го замени Карло Анчелоти кој се врати на чело на Реал Мадрид. Последен клуб на 61 годишниот стрратег беше кинескиот Далијен Про од каде што си замина во јануари поради пандемијата на коронавирусот.
Во Англија имаше искуство водејќи го Њукасл, а се прослави во градскиот ривал на Евертон, Ливерпул. Исто така ги водеше Челзи, Валенсија, Интер и Наполи.